Select Page

GREEN SHOP

ЗА НАС

КОИ СМЕ НИЕ?

Грин Шоп ексклузивна продавница за здрава храна и производи со ЦБД.

Во пријатна атмосфера со модерен еко дизајн, нашите вработени со насмевка и совет ќе ви помогнат во избор на вистинските продукти за вашите потреби.

Ново место во срцето на градот со широк асортиман на високо квалитетни “здрави”производи и додадени вредности, како :

  • бесплатни совети и препораки во врска со здравата исхрана и употреба на производите
  • бесплатни совети околу припремање и комбинирање на состојките
  • комуникација со нутриционист во врска со исхраната за одржување на здравјето и превенција на заболувања
  • комуникација со стручни лица во врска со исхраната како третман за одредени состојби и заболувања
  • комуникација со фармацевт во врска со употреба на производите
  • можност за индивидуализиран пристап во советувањето
  • можност за презентации и совети во врска со здравите навики, здравите намирници и палетата на производи

МИСИЈА

Отвараме ново поглавје во концептот “Здраво Живеење”. Наша цел е доближување на здравиот начин на живот, здравата исхрана и додатоци за подобрување на здравствената состојба до секој од вас, преку совети и пласман на високо квалитетни здрави производи.

ВИЗИЈА

Да допреме до секој поединец заинтересиран да го промени начинот на живот преку здрава исхрана
Да споделиме искуства и совети поврзани со најновите научни сознанија
Да помогнеме во разрешување на дилемите поврзани со здравата исхрана
Да советуваме и помогнеме во подобрување на животните навики

ВРЕДНОСТИ

Квалитет и доверба
Нашите цели се долгорочни, а довербата ни е прв приоритет, кој ќе го градиме преку пласман на висококвалитетни производи креирани да ги задоволат потребите и на најпребирливите клиенти, по достапни цени.

Иновативност и смелост
Во согласност со современите трендови, создаваме иновативни формулации на производи и чекориме смело кон отварање на нови можности со една цел, подобрување на квалитетот на живот.

Стручност и знаење
Инвестираме во знаењето на нашите вработени и ги следиме најновите научни сознанија, со цел да обезбедиме најдобра услуга и совети за сите наши клиенти.

ЗАЧЛЕНИ СЕ

БИДИ ДЕЛ ОД НАС!

Green Shop

адреса

Кеј 13 Ноември Градски Трговски Центар сутерен локал 41

ТЕЛЕФОН

02 325 2300

СЛЕДЕТЕ НÉ