Select Page

GREEN SHOP

ПРОИЗВОДИ СО ЕКСТРАКТ ОД КАНАБИС

Растението Cannabis

Премногу хербален за современата конвенционална медицина, а едновремено премногу делотворен за хербалната алтернативна медицина, канабисот е несомнено растение чија употреба, во вид на различни преработки e позната уште од времето на древните цивилизации.

Го нарекуваат “Супериорен еликсир на бесмртноста” поради богатството на фармаколошко-активни компоненти во неговиот состав. Канабисот содржи над 500 познати фитокомпоненти од кои над 120 идентификувани канабиноиди, над 140 терпени и терпеноидни соединенија, кои поседуваат моќни антиоксидантни својства, висок процент на есенцијални, незаситени омега масни киселини (омега-6 и омега-3 во најдобар биолошки сооднос од 3 : 1, како и помала количина омега-9), есенцијални амино киселини, гликозиди, витамини и минерали (А, Е, D, B1, B2, B6, C, фолна киселина, сулфур, фосфор, калциум, калиум, железо, цинк), хлорофил, пигменти, алкани, азотни соединенија кои се одговорни за изградба и зачувување на интегритетот на клетките и правилно функционирање на многу системи во човечкиот организам.

Маслените Екстракти во КАНОИЛ®

Маслениот екстракт од растението канабис кој се содржи во Каноил производите е добиен од природно одгледуван канабис кој ги задоволува сите критериуми на квалитет, вклучувајќи ги и здравствените аспекти на отсуство на контаминанти; хербициди, пестициди, тешки метали, резидуални органски растворувачи, отсуство на микотоксини и потврдена микробиолошка чистота. Екстракцијата се изведува според стандардни, строго дефинирани услови на суперкритична СО2 екстракција, која се одвива на ниска температура, што обезбедува максимално зачувување на сите присутни канабиноиди и други биолошко-активни фитокомпоненти.

Терпени

Терпените и терпеноидите се многу важни конституенси на есенцијалните масла на растенијата, одговорни не само за нивниот мирис и вкус, туку и за нивната делотворност. Тие имаат својство да ги модулираат особините и ефектот на самите канабиноиди во растението и неговите препарати.

Канабиноиди

Канабиноидите добиваат сè поголема глобална афирмација поради нивниот широк терапевтски потенцијал. Присуството на CBD, CBG, CBN, CBV, CBDV, CBC и другите непсихотропни канабиноди во неутрална и карбоксилирана форма е особено значајно поради нивното исклучително нагласено синергистичко делување, кое го дава чудесниот потенцијал на растението, на неговите природни екстракти и препаратите во кои тие се инкорпорирани.

ЦБД

Канабидиол е еден од главните канабиноиди во растението канабис кој нема психотропен ефект дури и во високи дози, а од друга страна има голем терапевтски потенцијал. Спроведени се многу студии кои укажуваат на можностите за терапевтска примена на канабидиолот кај различни состојби и заболувања. Позитивните ефекти од неговата употреба произлегуваат од неговото дејство на ендоканабиноидниот систем, кој е широко распространет во човековиот организам.

Green Shop

адреса

Кеј 13 Ноември Градски Трговски Центар сутерен локал 41

ТЕЛЕФОН

02 325 2300

СЛЕДЕТЕ НÉ