GREEN SHOP
FAQ
Како функционира купувањето ?
Со избирање на производ, селектирање на количина и ставање во кошничка. Во кошничката може да додадете повеќе производи. Процесот продолжува со наплата и внесувањето на податоците за достава. Кога ќе се изврши наплатата ние го припремаме производот за испорака и истиот го испорачуваме до врата согласно правилата за испорака.
Како ќе знам дека купувањето е реализирано?
Во моментот кога ќе се реализира процедурата за купување на производот, на вашата e-mail адреса, која ја оставате при купувањето, ќе пристигне автоматска потврда дека продажбата е успешно направена.
Сакам да купам производ но ми се појавува порака дека плаќањето е неуспешно?
Доколку се појави порака дека плаќањето е неуспешно, ве молиме проверете дали успешно и точно се пополнети сите полиња со податоци за плаќањето, дали е сè во ред со вашата картичка, проверете ја важноста на картичката и дали има доволно средства за да се изврши купувањето. Ако податоци се успешно внесени и сè е во ред со вашата платежна картичка, тогаш најверојатно проблемот е технички.
Исконтактирај нè на green_shop@replek.com.mk за да можеме да ја провериме трансакцијата и да го решиме проблемот.
Дали онлине трансакцијата е безбедна?
Секоја трансакција со платежна картичка се одвива преку сигурносниот систем на Халк Банка. Податоците не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Халк Банка т.е. податоците се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи.
За колку време ќе ги добијам производите?
Доставата на производите во Скопје се врши во рок од 24-48 часа од моментот на нарачката. За останатите градови доставате е во рок од 5 работни дена. Доставата се извршува секој работен ден. Сабота и недела се неработни денови исто како и сите државни и верски празници.
Дали можам сам/сама да ја подигнам нарачката?
Нарачката може да ја подигнете во нашата физичка продавница во ГТЦ сутерен, локал 41, секоја работен ден од 9 до 21 часот или во сабота од 9 -15 часот.
Како да закажам консултација со стручно лице ?
Како да вратам производ?


Green Shop
адреса
Кеј 13 Ноември Градски Трговски Центар сутерен локал 41
ТЕЛЕФОН
е-маил
